Пелоси: Симболите кои се во чест на Конфедерацијата – мора да бидат отстранети

UNITED STATES - JULY 15: A statue of James Z. George, known as Mississippi’s ‘Great Commoner’ is on display in the Capitol Visitors Center on Monday July 15, 2019. (Photo by Caroline Brehman/CQ Roll Call)

Спомениците на истакнати претставници на Конфедерацијата во неколку американски градови беа мета на противниците на расната дискриминација.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска изјави дека симболите на генералите кои се бореле на страната на Конфедеративните американски држави за време на американската граѓанска војна (1861-1865) мора да бидат отстранети од Капитол Хил и од американските воени бази.

– Нивните имиња мора да бидат отстранети од тие бази и нивните статуи мора да се повлечат од Капитол. Американскиот народ знае дека тие имиња мора да си одат, изјави демократката Пелоси пред новинарите.

За време на демонстрациите што се одвиваат во САД откако бел полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, спомениците на истакнати претставници на Конфедерацијата во неколку американски градови беа мета на противниците на расната дискриминација, а официјални лица од некои сојузни држави размислуваат за нивно отстранување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот