12 C
Скопје

Пелоси преку истражно тело ќе ја испитува блискоста на Трамп со Путин

Поранешната американска државна секретарка и поранешна претседателска кандидатка, Хилари Клинтон, денеска соопшти дека разговарала со спикерката  на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и дека со неа се согласиле за потребата од формирање специјално истражно тело за утврдување на врските на Доналд Трамп со Русија.

„Конгресот мора да формира истражно тело, како Комисијата за 11/09, за да се утврдат врските на Трамп со Путин, за да можеме да ја санираме штетата на нашата национална безбедност и да спречиме марионета никогаш повеќе да не застане на претседателската функција”, напиша Клинтон на Твитер.

Клинтон на својот подкаст на Твитер на Пелоси и кажала дека е заинтересирана да се објават снимките од телефонските разговори на Трамп за да види дали тој бил во контакт со Путин за време на немирите во Конгресот, на 6 јануари, пренесува Фокс Њуз.

Прочитајте и...  Истражување: Расте прифаќањето на анти-ковид вакцини во развиените земји

„Би сакала да ги видам снимките од неговите телефонски разговори, да видам дали разговарал со Путин на денот кога бунтовниците го нападнаа нашиот Капитол”, напиша Клинтон.

Пелоси одговори дека ја поддржува таквата комисија и потсети дека и на претседателот Трамп му кажа дека „сите патишта му водат кон Путин”.

-Не знам што има Путин за него политички, финансиски или лично, но она што се случи беше подарок за Путин, бидејќи Путин сака да ја наруши демократијата во нашата земја и низ целиот свет, рече Пелоси, нарекувајќи ги учесниците во немирите „марионети на Путин”.

Поврзани вести

Најмала пензија земале дури 78.023 пензионери

Слободен печат

По еден месец пауза, пратениците се вратија во собраниските клупи

Нови 473 пациенти во Федерацијата БиХ и 21 починат пациент

Слободен печат

Изградбата се коси со препораките на УНЕСКО за Охрид

Југослава Дуковска

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

Слободен печат

Компаниите може да аплицираат за февруарска помош за плати цел март

Слободен печат

Остави Коментар