Пелоси повика на санкции против Кина поради Хонгконг

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска повика да се воведат санкции и да се преземат други чекори против Кина, откако Пекинг го усвои контроверзниот Закон за национална безбедност за Хонгконг.

Таа изјави дека овој брутален закон ќе ги исплаши, застраши и задуши оние што мирно бараат слобода.

– Мора да ги земем предвид сите расположливи алатки, вклучително и визните ограничувања и економски казни, се вели во изјавата на Пелоси во однос на можните санкции за Кина.

Кинескиот Парламент денеска го донесе Законот за национална безбедност за Хонгконг, но тој се уште не е објавен во Службен весник. Кинеските власти утре ќе одржат прес конференција, на која ќе го појаснат законот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот