Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети

Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил.

Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, при што загинаа пет лица.

– Ако се утврди дека членови на Конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од Конгресот во смисла на кривично гонење – истакна Пелоси.

Нејзината изјава откако членка на Конгресот од демократска партија Мајки Шерил пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи” во обиколка на Конгресот, еден ден пред нападот.

Повеќе од 30 демократски конгресмени  потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари.

Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот