Пелоси: Кина не е таа која ќе кажува каде ќе патуваат нашите функционери

Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Кина нема да ја прави агендата за патувања за функционерите на САД, алудирајќи на нејзината неодамнешна посета на Тајван во рамките на нејзината азиска турнеја.

-Нема да дозволиме да го изолираат Тајван. Тие не ја прават нашата агенда на патувања, а партнерството меѓу САД и Тајван е силно, рече Пелоси, пренесе Гардијан.

Пелоси потврди дека Кина се обидела да го изолира Тајван и дека нејзината посета на Тајпеј е „изговор Пекинг да спроведе воени вежби во близина на островот”.

-Кина се обиде да го изолира Тајван. Можеби ќе се обидат да го спречат Тајван да учествува на други места, но нема да го изолираат Тајван со тоа што ќе не спречат да дојдеме овде, додаде Пелоси во Токио, на крајот од нејзината посета на Индо-Пацификот.

Високата американска функционерка додаде дека САД од самиот почеток нагласиле дека доаѓањето на американската делегација на Тајван нема за цел да го промени статус квото во Азија или статус квото на Тајван.

-Мојата цел е да се обезбеди мир во Тајванскиот теснец, да се надмине статус квото, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот