Пелистер успешен и во Кавадарци и сега го дели врвот со МЗТ и Гостивар

Продолжува победничката серија на битолски Пелистер во Првата кошаркарска лига/фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Пелистер беа подобри во четвртината на одлука против Еуро Никел 2005, за шести триумф во седум одиграни мечеви (73:64) во последниот натпревар од седмото коло во Првата македонска лига.

По една „своја“ четвртина имаа и двете екипи во првото полувреме. Кавадарчани беа подобри првата, ја решија во своја корист со сосема солидни 19:10. На битолчани им припадна онаа втората, во која не само што се вратија „назад во мечот“, туку успеаја да изедначат, и по 20 минути требаше да се тргне одново, од „нула“ (32:32).

Откако Пелистер ја стигна негативата се играше максимално изедначено. Без резултатски „отскокнувања“ на една од двете страни како што беше случајот во првото полувреме. Еуро Никел 2005 даде 13, Пелистер исто толку, за нов егал скор (45:45).

Малку поефикасно се играше на крајот од мечот во Кавадарци. А подобро играа „пелистерци“, кои во 37 минута, по тројката на расположениот Мустафица, се стекнаа со двоцифрена предност, (68:58). И не ја испуштија позитивата до самиот крај.

Мустафица стигна до висок „дабл-дабл“, изразен со реализација на 15 поени и 14 скока, но најефикасен во победничката екипа, онаа од Битола, беше искусниот Караџовски кој даде 20 поени. Кај Еуро Никел 2005, прво поентерско име беше Планиниќ, со 22 коша додека Гавриловиќ заврши со 15.

Прва лига – мажи
Резултати, седмо коло

Еуро Никел 2005 – Пелистер 64:73

Навико Академија ФМП – ТФТ 66:109

Кожув – Феникс 2010 97:89

Струмица 2022 – Работнички 84:92

Куманово 2009 – Гостивар 82:70

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 106:61

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, Пелистер 13, Гостивар 13, ТФТ 11, Феникс 2010 11, , Еуро Никел 2005 11, Работнички 10, Кожув 10, Куманово 2009 9, Чаир 2030 9, Струмица 2022 8, Навико Академија ФМП 8

Следно коло, двојки

Гостивар – Чаир 2030 (03.12)

ТФТ – Феникс 2010 (03.12)

Работнички – Куманово 2009 (03.12)

Навико Академија ФМП – Струмица 2022 (04.12)

Пелистер – Кожув (05.12)

МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 (06.12)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот