Пелистер останува со максимален ефект, драмата во Кале со среќен крај за Работнички

Екипата на Пелистер продолжува со одличните игри во кошаркарската Прва лига и вечерва ја забележаа петтата победа во петтиот натпревар.

Последна жртва на битолчани е Академија ФМП која го доживеа првиот пораз на домашен терен. Пелисерци славеа со убедливи 67:95.

Домашните кошаркари подобро го отворија натпреварот, но во финишот од првата четвртина кошаркарите на Пелистер ги презадоа работите во свои раце и негативата од 12:8 ја направија во предност од 25:17 и оттогаш па се до крајот на натпреварот ја имаа контролата над резултатот и играта. Дилемите околу победникот беа решени на стартот од последната четвртина кога Пелистер поведе до 59:80.

Најрасположен за игра во Пелистер беше Малешевиќ 22 поени и седум скокови, Магдевски и Стајиќ постигнаа по 14 поени, додека кај Академија ФМП која за прв пат е поразена на домашен терен, најпрецизен беше Крстајиќ со 15 поени.

Работнички по голема борба исполнета со пресврти успеа да го совлада Еуро Никел со 89:85 на натпреварот кој се играше во СРЦ Кале бидејќи салата во Градски парк не ги исполнува условите за одигрување на натпревари.

Човек на одлука беше Ламар Вашингтон кој ги постигна последните шест поени на натпреварот и негативата од 83:85 ја претвори во триумф од 89:85. Токму Вашингтон со 20 поени беше најпрецизен во редовите на Работнички, додека кај Еуро Никол Мијатовиќ даде 25 поени.

ФОТО: КК Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот