Пелистер и се реваншира на Академија ФМП за поразот во Купот

фото: КФСМ

Најдобриот тим во кошаркарската суперлига, Пелистер со победа го стартуваше плеј-офот, битолчани со 89:84 ја совладаа Навико Академија ФМП. Триумфот на пелистерци воедно претставуваше и реванш за поразот во четвртфиналето од Купот кога тимот од Кисела Вода беше поуспешен.

Кошаркарите на Пелистер фуриозно го започнаа натпреварот и веќе во првата четвртина ги решија дилемите околу победникот и уште еднаш покажаа зошто беа први во регуларниот дел од сезоната.
На средина од првата четвртина со поените на Кесар, Пелистер дојде до двоцифрена предност (19:8), а по 10 минути игра предноста изнесуваше дури 16 поени (32:16).

Одличната игра на домашниот тим продолжи и во втората четвртина, за во третата кошаркарите на Навико Академија ФМП да ја отворат со серија од 0:13 и ја вратија неизвесноста во натпреварот доаѓајќи до само минус четири (54:50). Сепак, во последната четвртина кошаркарите на тренерот Марјан Илиевски успеаја повторно да дојдат до двоцифрена предност (81:71) по поените на Малешевиќ и Стајиќ, а предноста успеаја да ја сочуваат до крајот за триумф од 89:84.
Кесар со 22 поени и Калахан со 21 беа најдобри во тимот на Пелистер, додека кај Навико Академија ФМП, Крстајиќ постигна 31 поени но немаше помош од останатите соиграчи бидејќи само уште Темелковски постигна двоцифрен број на поени (10).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот