Пелистер го растури Работнички и го обезбеди првото место пред стартот на плеј-офот

ФОТО: КК Пелистер АД Битола/facebook

Кошаркарите на Пелистер уште еднаш против директните конкуренти за највисок пласман, ја потврдија фантастичната форма која ја презентираат цела сезона и како награда за таквите игри, ќе стартуваат од првото место на плеј-офот.
Битолчани историското прво место на табелата го заверија на најдобар можен начин, со победа над најтрофејниот кошаркарски колектив, Работнички со 94:77.
Сите дилеми околу победникот беа решени во втората четвртина кога Пелистер поведе со 17 поени (46:29) и предноста ја одржуваше до самиот крај на натпреварот.

Никола Малешевиќ беше најдобар во тимот на Пелистер со 21 поен, додека Бобан Стајиќ даде 19 поени. Кај Работнички се истакна Тортон со 21 поен и 15 скокови.
Со поразот од Пелистер, Работнички го освои второто место на табелата.
Екипата на Гостивар со 115:109 го совлада ТФТ и се проби на петтото место на табелата. Победникот беше решен во продолжението од пет минути откако во регуларниот дел беше 92:92. Во продолжението гостиварци беа посконцентрирани и дојдоа до победата со која се искачи на петтото место на табелата.
Тодоровиќ со 28 поени, Костоски со 27 поени и 10 асистенции и Јанески со 22 поени беа најдобри кај Гостивар додека во тимот на ТФТ се истакнаа Херис со 26 и Андерсон со 23 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот