Пелистер го потврди учеството во АБА 2 лигата

фото: КФСМ

Екиипата на Пелистер во идната сезона ќе настапува и во АБА 2 лигата, откако денеска управата на клубот ја прифати поканата за настап во регионалното натпреварување.

На денешниот состанок, битолчани одлучија заедно со МЗТ Скопје во новата сезона ќе ја претставуваат Македонија во АБА 2 лигата.

Пелистер ќе биде четврти македонски тим кој ќе игра во АБА 2 од нејзиното формирање во во 2017 година. Прв учесник во АБА 2 лигата беше АВ Охрид, а потоа дел од ова натпреварување беа МЗТ Скопје и Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот