Пеле: Се чувствувам силен, гледањето на Бразил на СП ми дава енергија

Фото: Pele/Instagram

Вчера пристигнаа лоши вести за бразилската фудбалска легенда Пеле. Бразилските медиуми објавија дека телото на Пеле повеќе не одговарало на хемотерапијата и тој бил прерфлен на палијативна нега.

На Пеле лани во спетември му беше отстранет тумур на дебелото цревно, а од тогаш оди редовни терапии и контроли. По веста од медиумите во фудбалскиот свет се испраќаа пораки на поддршка за легендата на Бразил.

Пеле преку својот Инстаграм профил испрати порака.

„Сакам да ве смирам и да ви дадам позитивни вести. Ја добивам мојата стандардна терапија. Медицинскиот персонал ми пружа голема грижа и многу сум благодарен. Имам голема верба во Бог и секоја порака која ја добивам ме полни со енергија. Исто така и тоа што го гледам Бразил на Светското првенство“, објави Пеле, кој престојува во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Пеле го предводеше Бразил до титулите на Светското првенство во 1958, 1962 и 1970. За репрезентацијата на Бразил според официјалните податоци постигна 77 голови на 92 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот