ПЕКОЛОТ СЕ НАОЃА ВО ИНДИЈА: Незабележан топлотен удар уби 36 лица, температурите преку 50 степени (ВИДЕО)

Најмалку 36 лица починаа во Индија, меѓу кои најбројни се сиромашните работници кои од руралните подрачја работат тешка физичка работа во градовите.

Државната служба за катастрофи објави дека рекордно високи температури се измерени во повеќе индиски држави. Во главниот град на Индија , Делхи , се измерени рекордни 48 степени, што е историски највисока температура.

Во градот Чару во северозападната држава Раџастан се измерени рекордни 51 степен.

,,Ова е најстрашен топлотен удар досега. Во 2015 топлотниот бран беше забележан во девет држави, а сега зафати 23. “ , рече експертот за клима Ануп Кумар Сривастава.

Западните и јужните делови на Индија дополнително се соочуваат со недостиг на вода поради предолгиот сушен период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот