Пеколна жрепка за Ѓоковиќ, можен меч со Рафа во четвртфиналето на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Вториот грен слем турнир во сезоната ќе започне в недела на 22 мај и ќе трае до 5 јуни во Париз, Франција.

Наградниот фонд за „Ролан Гарос“ е 43,6 милиони евра, а победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 2,2 милиони евра. Титулата во машка конкуренција ја брани Новак Ѓоковиќ, а во женска Барбора Крејчикова од Чешка.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дозна за својот ривал во првото коло на „Ролан Гарос“ каде ја брани и титулата, а тоа ќе биде Јапонецот Јошихито Нишиока.

Српскиот ас во потенцијалното полуфинале може да се сретне со Александар Зверев, а во четвртфиналето со Рафаел Надал. Во неговиот костур е и Карлос Алкараз со кој не може пред полуфиналето.

Во долниот дел од жрепката се Данил Медведев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Каспер Руд.

Новак доаѓа во Париз не само како најдобар играч во светот, туку и како актуелен шампион на вториот Грен слем сезонава, откако минатата година направи пресврт во финалето 0:2 против Стефанос Циципас, кого исто така го победи во финалето на Мастерсот во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот