„ПЕКОЛ“ ЗА КИЛ: Ајде Вардаре, билетите распродадени за саботниот спектакл!
Нема повеќе карти за седење, останаа уште оние за стоење, што ќе ја направи уште подобра и погласна атмосфера што ќе ја прават навивачите на македонскиот и европски ракометен шампион во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје.
Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска пуштени се нови билети за истиот натпревар, така што сите оние кои немаат билети, ќе можат да набават по супер цена.
Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителните билети.
Истите се за секторот стоење, а цената на билетите е 150 денари. Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота, 12 октомври во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Тој ќе биде и еден од најинтересните мечеви на колото во ЛШ, а дерби во рамките од групата „Б“ каде што води Вардар со шест бодови, а еден помалку на втората позиција е Кил.