ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА: Огнената стихија во Калифонија не стивнува, без струја ќе останат повеќе од милион луѓе

Фото: Профимедиа/Илустрација

Повеќе од милион жители на сојузната американска држава Калифорнија ќе останат без електрична енергија поради големиот шумски пожар, најави компанијата „ПГЕ“.

Според пишувањата на „Блиц“, предупредувањето е објавено откако повеќе од 50.000 луѓе мораа да ги напуштат домовите поради заканите од огнената стихија. Вонредна состојба е прогласена во областа на Лос Анџелес и Сонома.

Компанијата наведе дека постои можност струјата да биде исклучена во 36 области, откако е најавено дека силните ветрови би можеле да ги оштетат постројките и да предизвикаат нови пожари.

Од „ПГЕ“ објаснуваат дека силните удари од ветровите претставуваат ризик за оштетување и искрења во електро-системите што би можело да доведе до нови пожари и брзо ширење на огнот, со што притоа вегетацијата е сува поради есенскиот период.

Компанијата истакнува дека последниот пожар на северот на Калифорнија избил седум минути откако кабел за напојување бил оштетен.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Нусом, изјави дека „ПГЕ“ не ја работеле својата работа и ги осуди за „повеќегодишна алчност и занемарување на состојбите на инсталациите“.

Се уште не е потврдено дали последниот пожар е предизвикан поради дефект на инсталациите.

Најсмртоносниот шумски пожар во историјата на Калифорнија однесе 85 човечки животи минатата година и е предизвикан поради дефект на напојните кабли на компанијата „ПГЕ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот