Пекинг „запали“ аларм: Кој купува премногу храна и не ја јаде, горко ќе се кае

Повикот на Пекинг да го намали отпадот од храна предизвика аларм кај деловните луѓе и официјалните лица, поради што тие започнаа да бараат начини да се ограничи количеството храна нарачана во рестораните. Во најекстремните случаи, оброците се под целосна контрола.
Властите побараа од граѓаните да пријават случаи на отпад од храна. Постојат напори да се принудат гостите да нарачуваат помалку храна, а во еден ресторан ги принудуваат гостите да нарачаат еден оброк помалку отколку што имаат на масата, додека во друг гостите треба да се измерат за да пресметаат колку храна можат да јадат.

ФОТО I Првата дама во „Ретвитни оброк“: Ѓоргиевска правеше и пакуваше храна за бездомници и социјално загрозени лица

Како и сите други земји во светот, Кина има проблем со отпад од храна. Според податоците од студијата спроведена од Кинеската академија на науките, во Кина била фрлена доволно храна во 2015 година за да се хранат меѓу 30 и 50 милиони луѓе за една година.
Кинескиот претседател Си Џинпинг на 11 август минатата година објави кампања во која ќе се соочат со проблемот на прекумерна акумулација на отпад од храна. Ваквата иницијатива беше спомената и во 2013 година под името „Операција празна чинија“, но нејзината директива не беше доволно специфична и им беше оставено на ревните службеници и граѓани да смислат, во некои случаи, екстремни начини за борба против овој проблем.
Извор: Блиц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот