Пекинг: Трговскиот договор е возможен само со компромиси од страна на САД и Кина

Кина и САД треба да направат компромиси во трговските преговори, изјави кинескиот заменик-министерот за трговија Ванг Шоун пред долгоочекуваните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот колега од Пекинг, Си Џинпинг кои ќе се одржат за време на средбата на земјите од Г- 20 подоцна во оваа недела во Јапонија.

Во изминатата недела, Кина и САД рекоа дека ќе ги оживуваат разговорите пред состанокот меѓу двата државни лидери. Земјите изразија надеж дека тоа ќе ги намали тензиите околу трговската војна, која продолжува да ја оштетува светската економија.

Преговорите за постигнување на поширокиот договор беа прекинати во мај, откако американските власти ја обвинија Кина за откажување од претходно договорените обврски.

Говорејќи на брифингот за самитот на Г-20, Ванг рече дека разговорите меѓу трговските тимови на двете земји веќе се во тек, но не даде детали за случајот.

Принципите на Кина се јасни, рече министерот – заемно почитување, еднаквост и взаемна корист, па така двете земји треба да се сретнат во средината.

– Взаемна почит значи дека секоја земја мора да го почитува суверенитетот на другата – рече Ванг.

– Рамноправност и взаемна корист значат дека консултациите треба да се одржуваат на рамноправна основа, договорот да биде постигнат, па да е од корист за двете страни – додава уште преговарачкиот министер.

Според него, земјите со средби „во средината“ значи дека и САД и Кина мора да направат компромиси и отстапки, а тоа не треба да биде унилатерално дејство.

Ванг одби да одговори на прашањето за какви конкретни компромиси може да се очекуваат од двете страни за да се постигне договор.

Двата тимови се подготвуваат за средбата меѓу Трамп и Џинпинг, рече кинескиот министер за надворешни работи, Џанг Џун.

Двете земји се во центарот на „скапиот спор“ и наметнуваат сѐ поголеми увозни давачки кои влијаат на трговијата во вредност од милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот