Пекинг: САД покажуваат „мускули“ во Јужно Кинеско Море

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Кинеското Министерство за надворешни работи реагира на, како што соопшти, честото присуство на бродови и на авиони на САД во Јужно Кинеско Море што е окарактеризирано како демонстација на сила.

– САД често испраќаат бродови и авиони во Јужно Кинеско Море за да вежбаат мускули. Тоа не придонесува за мирот и за стабилноста во регионот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Личијан.

Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт” во саботата вплови во Јужно Кинеско Море за да промовира „слободна пловидба”. Тоа е прва рутинска вежба по доаѓањето на Џо Бајден во Белата куќа.

Истиот ден кога американскиот носач на авиони вплови во Јужно Кинеско Море, Тајван соопшти дека кинески авиони навлегле во воздушниот простор на островот.

Според тајванското Министерство за одбрана, 13 кинески авиони од кои осум бомбардери и пет авиони ловци го нарушиле воздушниот простор на Тајван во саботата, а вчера Кина испратила 15 авиони од кои три бомбардери и 12 ловци.

Кина полага право на, речиси, сите острови во Јужно Кинеско Море и постојано се жали на американските операции во регионот. За Пекинг, Тајван е кинеска провинција и се заканува дека ќе ја врати со примена на сила во случај на формално прогласување на независност или странска интервенција.

Јужно Кинеско Море подолг период е едно од спорните прашања помеѓу САД и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот