Пекинг: САД неуспешно вршат притисок врз кинеско-руските односи

Фото: Thissatan Kotirat / Alamy / Alamy / Profimedia

Кина никогаш нема да го прифати притисокот и заканите на Вашингтон во однос на руско-кинеските односи, изјави денеска директорот на Централниот комитет за надворешни работи на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји.

– Никогаш нема да прифатиме американски директиви, па дури и закани за притисок врз руско-кинеските односи, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Највисокиот кинески дипломат истакна дека „руско-кинеските односи на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција се засноваат на принципите на неврзаност, неконфронтација и нетаргетирање на трети страни и претставуваат внатрешно прашање на две суверени, независни држави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот