Пекинг порача дека треба да се укинат економските санкции кон Авганистан

Талибанци на улиците на Кабул. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји порача дека разните еднострани санкции или ограничувања за Авганистан треба да бидат укинати што е можно поскоро.

„Економските санкции за Авганистан треба да престанат”, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на пораката на Ванг од виртуелната средба на министрите за надворешни работи на Г-20.

– Девизните резерви на Авганистан се национални средства што им припаѓаат на луѓето во таа земја и треба да ги користи авганистанскиот народ, но не треба да се користат како средство за вршење притисок врз Авганистан, рече кинескиот министер за надворешни работи.

Авганистан е на работ на колапс и глад, поради војната, временските непогоди, бегството на населението откако талибанците се вратија на власт и меѓународните сили се повлекоа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот