Пекинг до Вашингтон: Не ја третирајте Кина како „замислен непријател“

Image: 369231701, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Rawf8 / Alamy / Alamy / Profimedia

Американскиот Закон за иновации и конкуренција усвоен годинава има цел да се „натпреварува“ со Кина

Пекинг во средата побара од Вашингтон да престане „да ја замислува Кина како непријател“. Изјавата дојде како одговор на американскиот Сенат, кој донесе Закон за иновации и конкуренција од 2021 година, кој има за цел да ги зголеми капацитетите на САД за „конкуренција“ со кинеската технологија.

„Кина останува посветена на избегнување конфликти и конфронтации и цврсто ќе ги заштити своите основни интереси и територијалниот суверенитет“, изјави Ванг Венбин, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција во Пекинг.

„САД не треба да ја третираат Кина како свој замислен непријател“, рече Ванг, повикувајќи го Вашингтон „да престане да се меша во внатрешните работи на Кина“, според кинескиот јавен радиодифузер ЦГТН (CGTN).

Предлог-законот усвоен од американскиот Сенат одобрува околу 190 милијарди долари за одредби за зајакнување на американската технологија и истражувања – и посебно ќе одобри 54 милијарди долари за производство и истражување во САД во областите на полупроводници и телекомуникациска опрема.

Комитетот за надворешни работи на Националниот народен конгрес (ННЦ) –  највисокиот законодавен дом на Кина – како одговор на ваквиот развој на настаните излезе со следниот став: „Предлог-законот е полн со менталитет на Студената војна и идеолошки предрасуди, го клевети развојниот пат на Кина и домашната и надворешната политика. Под изговор за ‘иновации и конкуренција’, се меша во внатрешните работи на Кина и се обидува да го ограничи развојот на Кина.“

„Во време кога светот влегува во период на турбуленции и промени, практиката на секој чекор да се третира Кина како ‘замислен непријател’ е против генералниот тренд во светот, непопуларен и осуден на неуспех“, се вели во изјавата на ННЦ.

Преземено од „Анадолу агенција“ од Анкара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот