Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Поради зголемениот број туристи кои за време на продолжениот викенд се во Берово, градоначалникот Звонко Пекевски апелираше на задолжително почитување на препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

– Со оглед на забележително зголемената фреквенција, а со тоа и зголемениот ризик од зараза од Ковид-19, апелирам на строго почитување на мерките, а особено препорачувам задолжително носење маска и одржување на дистанца. Ова особено важи за сите кои доаѓаат од високо ризичните реони во нашата општина, истакна Пекевски.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски

Благодарение на досегашното почитување на мерките и препораките, како што додаде тој, Берово е општина со само двајца заболени пациенти, од кои едниот е веќе оздравен.

– Токму поради ова, отсега е потребно да бидеме уште повеќе внимателни, со оглед на присуството на голем број граѓани, во Берово. Ковид-19 е сериозно заболување, а почитувањето на мерките, ќе придонесе за спречување на ширење на истото и затоа уште еднаш апелирам граѓаните и особено туристите да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца со што сите ќе придонесат за надминување на состојбата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот