Пекарски ѓувеч

За ова јадење ќе ви бидат потребни следниве состојки:

6 компири
250 гр мелено месо
1,5 шолја ориз
морков, зачини, бибер,
конзерва сецкани домати

Подготовка:
Издинстајте ги морковите, додајте ги месото, биберот и зачините. Кога месото ќе омекне додајте ги сецканите домати.
Излупете ги компирите и исечете ги. Во огноотпорен сад ставете еден ред компири, врз нив оризот и посолете. Одозгора ставете го издинстаното месо, а потоа повторно компири.
Прелејте со вода така што водата ќе ги прекрие компирите.
Покријте го садот со фолија и ставете го во рерна да се пече половина час на 200 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот