Пекабеско оствари раст на приходите во првите шест месеци

фото: Фејсбук

Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2019 оствари позитивни консолидирани финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 57,3 милиони денари и е понизок за 8,3% од 2018 година.

Во 2019 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Пекабеско АД.

Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2019 година и изнесуваат 2.296,8 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 4,1%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 4,2%.

Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 2.261,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6,0%.

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 27 милиони денари и кумулативно за 7 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 499 милиони денари.

Долгорочната задолженост на 30.06.2019 година изнесува 410,3 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележат намалување од 2,4%.

Краткорочната задолженост на 30.06.2019 година изнесува 155,7 милиони денари и во споредба со состојбата од минатата година бележат намалување од 30,9%.

Компанијата Пекабеско АД за периодот јануари-јуни 2019 реализираше 19 нови вработувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот