Пејн: Турција е единствено одговорна за бегството на борците на ИД

Aвстралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн/Фото: EPA-EFE

Шефицата на австралиската дипломатија Марис Пејн смета дека Турција е единствено одговорна за бегството на борците на екстремистичката Исламска држава од притвор во Сирија.

Пејн ова го кажа во австралискиот Сенат откако стотици приврзаници и членови на семејствата на борци на Исламска држава вчера побегнаа од притворски камп, по судирот меѓу турските сили и сириските Курди.

Опозициските пратеници наведуваат дека токму американската одлука да ги повлече силите од северот на Сирија ја овозможи турската воена акција.

Пејн, меѓутоа, вината за тоа не ја посочи во САД, изјавувајќи дека Турција е „исклучиво одговорна за акцијата на своите и силите кои работат за неа”.

Турција, според неа, е одговорна и „за хуманитарното страдање кое го предизвикува со својата воена операција”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот