Пејачот потврди: Братучед на Фарел Вилијамс убиен во престрелка во Вирџинија

Фото: Инстаграм/Твитер

Поп-пејачот Фарел Вилијамс синоќа потврди дека неговиот братучед, Донован Линч (25) е еден од убиените две лица во одделните престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД.

Афроамерикански пејач при давањето на потврдата повика на транспарентност, чесност и правда.

„Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за време на пукањето. Сега е важно моето семејство и семејствата на другите жртви да ја добијат заслужената транспарентност, чесност и правда. Вирџинија Бич е олицетворение на надеж и издржливост и, како заедница ќе го минеме и ова и ќе излеземе уште посилни“, напиша Фарел Вилијамс споделувајќи фотографија од Линч.

Наводно, на полицаецот кој пукал во Линч, во тој миг не му била вклучена камерата на телото, а службеното лице било повикано да одговори на повиците околу пукањата во областа.

Независна и брза истрага за целосниот случај вети Обвинителството одговорно за градот Вирџинија Бич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот