Пејачот Огнен Здравковски го победи вирусот, па порача: Чао Корона! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Младиот пејач Огнен Здравковски преку своите социјални мрежи денеска соопшти дека победил во битката со коронавирусот.

Огнен пред повеќе од 14 дена на денот кога ја објави својата најнова песна со наслов „Љуби ме“, соопшти дека добил и позитивен тест за коронавирусот.

– Конечно после 16 дена заврши и ова зло… Го победив “COVID 19” (Корона Вирус)!!! 2 НЕГАТИВНИ ТЕСТА!!! Луѓе, држете дистанца, носете маски и чувајте се – напиша Здравковски.

Инаку пред два дена, негативни тестови добија и неговите родители, а  мајка му Софче Џорлева поради влошување на клиничката слика беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот