Пејачот Огнен Здравковски е позитивен на ковид-19, но не се откажа од промоција на неговиот нов хит! Главата горе, нема плашење: (ВИДЕО)

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на ковид-19.

Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал најмаксимално што може.

Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега.

Да, вистина е дека сум позитивен на ковид-19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитивен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам – вели Здравквоски.

No description available.

Неговата нова песна се вика „Љуби ме“, а овојпат Оги довербата за ова музичко ремек-дело му ја довери на неговиот колега Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша Магдалена Ена Цветковска.

За новата песна, Огнен сними и видеоспот, во кој покрај него се појавува и Мартина Симоновска, а режисер на спотот е Гордан Божиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот