Пејачот од „Никогаш не е доцна“ пронајден мртов во хотелска соба во Макарска

Милутин Сретеновиќ Срета (74), пејачот на „Мостар севдах реунион“, почина утрово во Макарска во хотелска соба, откако синоќа овој популарен бенд одржал концерт.

– Шокиран сум, загубивме прекрасен човек и врвен уметник. Се разбира, ги прекинуваме концертите на „Мостар севдах реунион“. Вечерва требаше да се одржи концерт во Шибеник, а еден ден подоцна во Трогир – рекол потресениот продуцент на концертот Томислав Кашљевиќ.

Како што вели, синоќа Срета ја испеал последната песна „Чудна беда од градот Мостар“. Потоа, не сакал вечера, туку се повлекол во хотелската соба, пишува „Аваз.ба“.

Цимерот на Срета, тапанарот Сенад Трновац, утрово, по појадокот се вратил во хотелската соба и за жал, забележал дека Срета не дише па повикал брза помош, која констатирала смрт.

Инаку, Срета се појави и во популарната емисија „Никогаш не е доцна“, која и го прослави. Тој беше член на бендот „Мостар севдах реунион“ од 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот