Пејачката по обвинувањата: НЕ СУМ УБИЕЦ, јас сум само СЕВЕРИНА

северина
Принтскрин/Инстаграм

Откако неколку хрватски таблоиди напишаа дека Северина се обидела, заедно со сопругот, да го убијат Милан Поповиќ, таа конечно јавно се произнесе по овој настан.

Според неа, сите тие информации се измислени од семејството Поповиќ за да ја оцрнат јавно и да ја обезвреднат како мајка.

Таа преку своите социјални мрежи им се обрати на обожавателите, објаснувајќи дека сите тие шпекулации се должат на борбата за старателство над синот, која во хрватските судови ја води нејзиниот поранешен сопруг Милан.

Северина нагласува дека тој ги поминал сите граници на „фер плеј“ и дека ја довел до состојба на јавно уништување и како мајка и како естрадна ѕвезда.

„Не сум убиец, ниту ќе станам тоа, јас сум само Северина која не им се лути на наведените поединци, бидејќи не се тие виновни што им е дозволено да прават што сакаат само затоа што имаат пари. Нема да поднесам тужби за конкретниот напис бидејќи на сите им е јасно каква личност може тоа да го направи“, вели таа во своето обраќање.

северина
Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот