Пејачката Елена Велевска наскоро во улога на водителка: Погледнете на која телевизија ќе има своја емисија! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Елена Велевска од септември ќе имаме прилика да ја видиме за првпат и како водителка.

Имено, Елена ќе биде новата водителка на музичката емисија „Распеана Македонија“ која се емитува на Тв Сонце.

Познатата пејачка вели дека во оваа авантура се впуштила, бидејќи чуствува дека нема каде да се презентира македонската музика, а со тоа ќе им помогне на своите колеги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA VELEVSKA (@evelevska) on

– На последната турнеја која ја имав во Америка се сретнав со мојот пријател Џорџ, кој овде кај нас има свој медиум. Се работи за Тв Сонце, со кого во неврзан разговор дојдовме на идеја за „Распеана Македонија”, која се емитува од понеделник до недела од 09 до 11 часот. Досега се реализирани повеќе од 125 емисии, во моментов одат репризи, а здравје од септември втора сезона, сосема поинаква.

– На овој проект работи цел мој тим и од голема помош се вработените во телевизијата. Целта е да се емитува квалитетна, македонска музика, а ова го правам за сите мои колеги, трудот, љубовта која ја вложуваат во еден проект да имаат каде да ја прикажат. Ова е моја “борба” за доброто на сите. Мора да се емитува музика на телвизиите, бидејќи тоа го покажува и рејтингот, народот сака да слуша македонска музика, но нема каде, освен на Јутјуб. И токму за тоа сметам дека овој проект е идеален да се потикнат сите да создаваат и истото да биде емитувано – вели Велевска, која додаде дека „Распеана Македонија“ не е само мој проект туку на сите кои создаваат квалитетна Македонска музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот