ПЕЈАЧКА од Босна УАПСЕНА за убиство, сама се пријавила во полиција

Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ од Босна и Херцеговина е уапсена за убиството на 55 годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во местото Буна крај Мостар.

Имено, таа вчера сама се пријавила во полиција, по што била уапсена за убиство на Иванковиќ.

Како што неофицијално се потврдува во полициските кругови блиски до истрагата, Хиндиќ-Бошњаковиќ била донесена од Травник во Мостар со двете нозе во гипс, пишува Аваз. Наводно, имала скршеници на двете нозе.

Убиството, како што се наведува се случило пред неговиот мотел.

Насилството не и било непознато на локалната пејачка. Таа и порано е приведувана за насилство и арогантно однесување.

Сунита има ФБ профил кој изобилува со полуголи фотографии, пеела по локални кафеани, а често се фалела дека била избрана за мис на Херцеговачко-неретванскиот кантон во Б и Х.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот