Пејачка на индискиот премиер му се заканувала со змии и крокодили: Моите пријатели ќе се гоштеваат со тебе! (ФОТО)

Youtube

Не треба посебно да се нагласува колку е немилосрдна борбата во шоу бизнисот и на што сè се подготвени пејачите и глумците за да добијат малку медиумско внимание. Она што на пакистанската ѕвезда Раби Пирзади ѝ паднало на памет да го објави на социјалните мрежи, ги преминува границите на сечиј вкус.

Девојката е по потекло од Кашмир, регион околу кој Пакистан и Индија се расправаат со години.

Кога во септември Индија најавила дека ќе го укине посебниот статус за Кашмир, Пирзади го направила првото посебно видео посветено на индискиот премиер Нарендра Моди. На снимката таа ги гали змиите и позира со крокодил и му порачува на премиерот дека нејзините пријатели рептили ќе му бидат посебен подарок.

„Погледнете што му подготвив. Спреми се да умреш во пеколот. Моите пријатели ќе се гоштеваат со тебе“, порачала пејачката.

Youtube

Уште тогаш се нашла во проблеми. Видеото наводно го снимила во својот локал за разубавување и локалните власти започнале истрага поради незаконско чување на диви животни. Освен парична казна, на Пирзади ѝ се заканувала и казна од две години затвор.

Ниту тоа не ја обесхрабрило, па еден месец подоцна објавила фотографија на која позира во прслук на бомбаш самоубиец со хаштаг „ModiHitler“.

Twitter

За кратко време и третпат станала вирална, но овојпат станувало збор за експлицитни фотографии. Иако првите шпекулации биле дека се работи за одмазда на хакер, виновникот изгледа било нејзиното поранешно момче. Наводно тој имал шифра од нејзиниот „клауд“ и пуштил компромитирачки фотографии.

После сè, Пирзада најавила повлекување од сцената.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот