Педро Санчез: Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид во јуни

Педро Санчез / Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид во јуни, изјави денеска во Давос шпанскиот премиер Педро Санчез.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО на 18 мај.

Финскиот Парламент со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите гласаше за влез во НАТО, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Истиот ден шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Финска и Шведска историски беа неутрални, но руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење во двете држави за приклучување кон Северноатлантската алијанса. Со исклучок на Турција, останатите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

Американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит изјави дека Шведска и Финска би можеле да се приклучат кон Алијансата во текот на „следните неколку месеци”.

Таа рече дека Алијансата ги поздравила барањата на Шведска и Финска и оти верува дека тие земји „ќе дадат голем придонес во НАТО алијансата”

Самитот на Алијансата ќе се одржи во Мадрид од 28 до 30 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот