Педро Кастиљо прогласен за претседател на Перу

фото МИА

Кандидатот на радикалната левица Педро Кастиљо е прогласен за победник на претседателските избори во Перу, повеќе од еден месец по вториот круг во кој негов противник беше Кеико Фуџимори.

– Го прогласувам Хозе Педро Кастиљо Теронес за претседател на Републиката, рече претседателот на Изборната комисија Хорхе Луис Салас на кратката виртуелна церемонија.

По пребројувањето на 100 проценти од гласачките ливчиња, 51-годишниот Педро Кастиљо освоил 50,12 проценти од гласовите, а 46-годишната Фуџимори 49,87 проценти од гласовите.

Непосредно пред официјалното објавување на конечните резултати, Фуџимори, која претходно навести дека нема да ја признае победата на својот противник, сепак го стори тоа бидејќи, како што рече, тоа од неа го бара „Уставот на кој таа се заколнала дека ќе го брани”.

Кастиљо ќе стапи на должност на 28 јули кога истекува мандатот на сегашниот претседател Франциско Сагасти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот