ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН ГО ПОТПИШАЛ ТЕСТАМЕНТОТ НА САМО ДВА ДЕНА ПРЕД СМРТТА: Кој ќе наследи 577 милиони долари? – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН ГО ПОТПИШАЛ ТЕСТАМЕНТОТ НА САМО ДВА ДЕНА ПРЕД СМРТТА: Кој ќе наследи 577 милиони долари?

Адвокатската компанија ја потврдила автентичноста на тестаментот, кој прво бил објавен во New York Post.

Новите судски записи покажуваат дека милионерот Џефри Епстајн, кој бил вклучен во сексуалниот скандал во врска со подведувањето на малолетнички, потпишал тестамент само два дена пред да си го одземе животот во затворот на Менхетн.

Записите покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но не се наведуваат детали за наследниците.

Адвокатската компанија ја потврдила автентичноста на тестаментот, кој прво бил објавен во New York Post.

Неколку наводни жртви на Епстајн најавиле дека ќе бараат неговиот имот како надомест да се подели на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура.

Адвокатот на Епстајн, Вилијам Блум, рекол дека сите барања во врска со распределбата на имот на милионерот ќе бидат „праведно решени“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close