ПЕДОФИЛИ ДЕМНЕЛЕ ДЕЦА ВО ЗАБАВЕН ПАРК: Двајца вработени во „Дизни“ уапсени поради детска порнографија

Фото: Си-Ен-Ен/

Двајца вработени во компанијата „Дизни“ се уапсени во сојузната држава Флорида поради детска порнографија, во рамки на голема акција по која во затвор завршија вкупно 17 луѓе, пренесуваат американските медиуми.

Поради промовирање и поседување на детска порнографија уапсен е Брет Кини (40), кој работел како менаџер во „Дизни ворлд“, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој се сомничи дека преку интеренет барал фотографии од момче на старост до 10 години, а за време на апсењето признал дека е зависник од детска порнографија и дека гледа такви вознемирувачки клипови веќе 22 години.

Другиот уапсенм Доналд Дар (52), бил вработен во одмаралиштето „Ворлд Дизни“, а уапсен и обвинет е по осум точки поради поседување на детска порнографија, како и промовирање на сексуални чинови со деца.

Дар ѝ рекол на полицијата дека е „перверзен, но не и дека е чудовиште“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот