ПЕДОФИЛ СЕ ОБЛЕКОЛ КАКО ДЕДО МРАЗ: Сакал да се слика со деца, а потоа дошла полиција

Фото: Твитер

Сексуалниот престапник Стивен Браун (40) бил уапсен за време на викендот во центарот на Њукасл, откако облечен како Дедо Мраз нудел фотографирање со мали деца.

Тој стоел во близина на една трговска куќа, и нудел на луѓето што поминувале за донација да позира со нивните деца.

Тој сега се наоѓа во затвор, каде и ќе го помине следните шест недели, пишува Скај њуз.

На вработените во трговската куќа тој им изгледал сомнителен па повикале полиција, која откако го идентификувала, открила дека Браун е регистриран сексуален престапник кој има забрана за приближување на деца.

Браун во 2012 година заради поседување на детска порнографија и поттикнување на малолетници на сексуален чин му била изречена забрана на контакт со деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот