Педофил преку социјални мрежи му се заканувал на 15-годишно девојче дека ќе го силува

Денес на Фејсбук страницата Стоп педофилија беа објавени фотографии од вознемирувачка комуникација меѓу средовечен човек и 15-годишно девојче. Поточно кажано, тој во повеќе наврати ѝ пишувал пораки со недолична содржина, но не добил одговор од нејзина страна. Секако, ова дополнително го исфрустрирало и почнал да ѝ се заканува дека принудно ќе ја наведе на сексуален акт.

– Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе стенкаш, важи срце, се само дел од вулгарностите коишто педофилот му ги напишал на девојчето.

– Да го направиме славен човекот кој пишува вакви погани работи на 15-годишни девојчиња и се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Доколку некој од вас го има во пријатели избришете го заради ваша безбедност и безбедност на вашите деца, се вели во објавата на Стоп педофилија.

Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе работи на тоа да се пронајде лицето кое стои зад профилот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот