Педесетина пријави за последици од синоќешното невреме во Кавадарци 

Педесетина пријави имало од кавадарчани за последици од синоќешното невреме во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Продолжува миењето на улиците на територијата на Општината Кавадарци по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места. Во изминатата ноќ наврна околу 40 литри на метар квадратен за околу половина час, имаше педесетина пријави од граѓаните за интервенција и санирање на одводи, подрумски простории, наноси. Интензивно се работеше на терен цела вечер со служби од „Мој oпштинар“, ТППЕ Кавадарци и ЈП „Комуналец“, а веќе утре градоначалникот Митко Јанчев ќе формира и комисија за процена на штети од елементарни непогоди – соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму апелираат до граѓаните ако имаат каква било потреба или штета да се јават на телефонскиот број 13-300 во кол-центарот на Општината Кавадарци.
Граѓаните денеска сведочат дека поплавата вчера имги поплавилаподрумите кои се наполниле со вода и до  донела и до метар и седумдесет сантиметри височина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот