Педесет новозаразени со коронавирус, нема починати

Коронавирус ковид-19 Македонија болница 8 септември
Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 523 тестови, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (50), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани се 47 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е 334.007, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 284.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот