Педесет амбасадори во Полска потпишаа писмо за поддршка на правата на ЛГБТ

epa08670075 Members of European Parliament (MEPs) and LGBT supporters demonstrate their support for the Polish LGBTQI community in front of Parliament during a plenary session in Brussels, Belgium, 15 September 2020. Rule of Law in Poland and LGBT rights are one of main topics in the debate. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Педесет амбасадори на должност во Полска и претставници на меѓународни организации доцна синоќа објавија отворено писмо за поддршка на правата на ЛГБТ заедницата во таа земја.

„Ние го потврдуваме основното право на секој поединец како што е изразено во Универзалната декларација за човекови права”, се наведува во писмото.

Правата на ЛГБТ заедницата се чувствително прашање во Полска. За време на претседателската кампања годинава, Анджеј Дуда на митинг рече дека „се обидува да се убеди дека ЛГБТ се луѓе, но тоа е едноставно идеологија”.

Дел од полската и меѓународната јавност исто така беше револтиран од необврзувачките резолуции „против ЛГБТ идеологијата”, прифатени од десетици локални власти во Полска.

„Човековите права не се идеологија – тие се универзални”, напиша на Твитер американската амбасадорка во Полска Џорџет Мосбахер, една од потписничките на писмото.

За конзервативните гласачи и пратеници во Полска, застапувањето за правата на ЛГБТ заедницата е еднакво на напад врз семејните вредности.

Полска не дозволува бракови ниту регистрација на истополови заедници, иако некои истражувања покажуваат дека би биле поддржани од мнозинството граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот