Пеце-Суперхикс: Колегите веќе немаат за леб, а носат протоколи без да се консултираат со нас!

Фото: Принтскрин

Музичарите ли се виновни или угостителите? Губат од својот промет, пред затворање се голем дел угостителски објекти, а и голем број музичари планираат да ја променат професијата затоа што не можат да ја издржат кризата – вели Петар Младеновски-Пеце од музичката група „Суперхикс“ во гостувањето на ТВ24.

Познатиот музичар вели дека можеби тој ќе се снајде да исплива во целата криза, меѓутоа има доста негови колеги кои веќе немаат буквално за леб.

– Ова е веќе осми месец откако настапите и концертите им се скратени. Затоа, понудивме протоколи за кои, за жал, морам да признаам дека ние како музичари што ги понудивме, воопшто не беа ни разгледани. Мислам дека министерот за здравство не може сам да се справи со коронакризата, а тој и во една прилика кажа дека без музика може да се живее и дека не е чест посетител на концерти. Значи, ако не си чест посетител на концерти, тогаш ангажирај стручно лице коешто би можело да ви помогне во носењето одлуки. Јас имам сознанија дека дел од протоколите и мерките се носат без претходна консултација со стручни лица, музичари и музиколози. Токму затоа имаме и смешни моменти како што е тоа со 55 децибели – рече Младеновски во неговото гостување на ТВ24.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот