Пецас: Веднаш започнува изградба на затворените центри за бегалци и мигранти на островите

Тој додаде дека затворените центри се „едно од решенијата на проблемот за да се контролираат појави што може да се закана за јавното здравје, како што е коронавирусот, а во неконтролираните центри не постои никаква таква можност”.

Веднаш започнува работата за изградба на затворените центри за бегалците и мигрантите на петте острови, токму онака како што соопштивме. Веќе се одржа исцрпен дијалог со локалните власти, но дијалогот не може да трае вечно, ниту да биде алиби за неактивност, порача заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека овој план е во корист и на локалното население, јави дописничката на МИА од Атина.

– Овој план е во корист на земјата, а особено на локалното општество. Особено сега кога се во пораст прашањата поврзани со јавното здравје, сите сфаќаат дека прашањата како што е коронавирусот, можат брзо и ефикасно да третираат во еден затворен центар, отколку во нерегулиран отворен центар што е санитарна бомба. Ги повикуваме граѓаните и локалните власти да имаат доверба во нас, рече Пецас.

Тој додаде дека затворените центри се „едно од решенијата на проблемот за да се контролираат појави што може да се закана за јавното здравје, како што е коронавирусот, а во неконтролираните центри не постои никаква таква можност”.

– Затоа говорам за санитарна бомба, истакна портпаролот на грчката влада.

Сѐ додека да се изградат и да се отворат затворените центри, Пецас рече дека во соработка со Националната организација за јавно здравје веќе се преземени мерки, не само за коронавирусот, туку и за останатите проблеми и прашањата за јавното здравје што би можеле да се појават во постоечките прифатни центри за бегалци и мигранти на островите.

Во однос на инцидентите во текот на ноќта на Хиос и Лезбос, портпаролот на грчката влада рече дека кога им протести најважна е безбедност на граѓаните и изрази сомнеж за тоа колку собирот бил всушност спонтан.

-Процената на полицијата и од она што го видовме е дека станува збор за изолирани и прашања од ограничен размер. Исто така постојат и фотографии кои покажуваат дека овие луѓе не беа само спонтани жители, туку луѓе кои имаа ракети, веројатно поради традиционалниот обичај на Хиос, но и молотов, рече портпаролот на грчката влада.

На новинарско прашање, во случај да има нов обид од локалното население да ја спречи изградбата, Пецас рече дека „ќе сторат се што е потребно за да се спроведе владиниот план”.

Портпаролот на грчката влада уште еднаш повтори дека е неопходно колку е можно побргу да се затворат постоечките отворени центри, истакнувајќи дека за да се случи тоа, потребно е да се изградат новите затворени центри.

– Не може да се затворат постоечките, без да се изградат новите. И секако, не може да не постои никаков центар на островите. Практично, ова е невозможно, објасни Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот