Пецас: Спречени беа над 4.000 нелегални влегувања во Грција

Пецас, рече дека 66 лица ја поминале границата приведени се, а немаат никаква врска со Идлиб и истакна дека владата е решена да направи сѐ што е потребно за заштита на границите.

Грција вчера беше на мета на организиран, масовен и нелегален обид за преминување на границата и издржа, заштитувајќи ја нашата граница и границата на Европа, спречени беа над 4.000 нелегални влезови, рече портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, по вонредниот состанок одржан во премиерската палата под грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со учество на министри од владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас, рече дека 66 лица ја поминале границата приведени се, а немаат никаква врска со Идлиб и истакна дека владата е решена да направи сѐ што е потребно за заштита на границите.

-Ги зајакнуваме нашите сили на копно и море. Во Еврос се префрлаат дополнителни сили од полицијата и армијата. На островите, се засилуваат силите на крајбрежната служба и од денеска патролираат вкупно 52 бродови на крајбрежната служба и воената морнарица. Владата е решена да стори сé што е потребно за да ги заштити нашите граници, рече Пецас по состанокот.

Граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос, веќе 24 часа е затворен, а од турска страна и понатаму се собрани бегалци и мигранти кои во текот на ноќта се судрија со полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот