Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори во однос на ЕУ перспективата на Западен Балкан

Грчкиот премиер утре Мицотакис заминува за Париз, а на средбата со францускиот претседател ќе стане збор за темите поврзани со ЕУ, за билатералните прашања, за меморандумот меѓу Турција и Либија, како и за проширувањето на Европската унија.

„Се надеваме дека и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март“, рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, во однос на ЕУ перспективата на Западен Балкан, со оглед на тоа дека проширувањето ќе биде една од темите на утрешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали Мицотакис ќе се обиде да го убеди Макрон да го промени ставот за Северна Македонија и Албанија,  земајќи ги предвид француските позиции од една и грчките иницијативи за поддршка од друга страна, Пецас рече дека Мицотакис ќе ја презентира грчката позиција и изрази надеж дека Париз ќе направи чекори кон подобар резултат на следниот Самит во март.

– Мислам дека е уште една можност да ја покаже волјата на Грција, координирано да одиме напред со проширувањето со земјите од Западен Балкан, бидејќи ова е во интерес и на овие земји, но и на самите земји. Ќе ја презентираме оваа рамка и се надеваме дека и од она што го видовме во претходниот период, оти и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече Пецас.

Грчкиот премиер утре заминува за Париз, а на средбата со францускиот претседател ќе стане збор за темите поврзани со ЕУ, за билатералните прашања, за меморандумот меѓу Турција и Либија, како и за проширувањето на Европската унија.

Мицотакис, од Париз ќе замине за Брисел каде што во вечерните часови ќе има работна вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот