Пецас: Познати се нашите позиции во однос на соседите и Западен Балкан

Фото: Миа

Нашите позиции, како и позициите на нашите партнери се познати во однос на политиката што ја следиме за Западен Балкан и за соседите, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали Договорот од Преспа е тема на средбите на грчкиот премиер како на онаа во Париз минатата седмица со Макрон, така и на следната во Берлин со Меркел, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас рече дека тие ја имаат кажано политиката што ќе ја следат за Западен Балкан и за нивните соседи.

– Мислам дека никој не изненадуваме со нашиот став. Нашиот став и нашата позиција се познати како и на нашите партнери, рече Пецас.

Мицотакис задутре заминува за Берлин каде што ќе оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц.

– На агендата разговори вклучени се економијата, бегалското/мигрантското прашање како и привлекување инвестиции со акцентот на енергетиката, рече Пецас.

На новинарско прашање дали на средбата Меркел-Мицотакис ќе стане збор и за турските провокации, Пецас одговори дека „на ваките средби се разговара за сите билатерални и меѓународни теми” и додаде дека „секако ќе се разговара и за ова прашање”.

Во однос на минатонеделната средба во Париз на грчкиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, портпаролот на владата на Грција рече дека била одржана во одлична клима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот