Пецас: Позитивно е што конференцијата доаѓа во услови кога француската страна е поотворена за компромис

Многу е позитивно тоа што конференцијата доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, кој имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на министерската конференција за Западен Балкан што во понеделник ќе се одржи во Солун.

– Мислам дека е уште форум, уште една алатка за да можеме да ја развиеме нашата политика што секогаш ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Многу е позитивно тоа што доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, која имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече Пецас во однос на тоа колку конференцијата ќе придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и Тирана.

Во понеделник, на 24 февруари 2020, во Солун ќе се одржи конференција за поддршка на европската перспектива на регионот „Од Солун до Загреб”, на која ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ и шефовите на дипломатиите на државите кандидати за членство од Западен Балкан. На конференцијата ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата е дел од грчките иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите во регионот, а беше најавена на крајот на ноември, како што тогаш објави МИА, на редовниот брифинг со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција, кога портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас ги спомена активностите што планира да ги преземе Атина. На крајот на јануари, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис го поканил комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Оливер Вархеји, да присуствува на конференцијата во Солун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот