Пецас: Европерспективата на Западен Балкан е и во нивни и во наш интерес – Слободен печат
ВестиМакедонија

Пецас: Европерспективата на Западен Балкан е и во нивни и во наш интерес

Ние секогаш сме за европската перспектива на Западен Балкан, на сите земји, вели портпаролот на грчката Влада.

Ние секогаш сме за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

– Ние секогаш сме за европската перспектива на Западен Балкан, на сите земји. И во нивни и во наш интерес е да имаат европска перспектива и постепено да се упатуваат кон членство во Европската унија – рече Пецас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговарајќи на новинарско прашање дали по ветото од Франција е доведена во опасност „ерга омнес” употребата на името на нашата земја, Пецас објасни дека „тоа зависи од волјата на другите” и додаде дека тоа е уште еден аспект на Договорот од Преспа што укажува на нивниот став дека станува збор за „штетен договор”.

– Придржувањето кон овој Договор и тоа за клучно прашање, како што е почитувањето на принципот „ерга омнес”, зависи од волјата на другите. Сфаќате дека овој аспект е уште еден аспект што укажува зошто ние велевме дека овој договор е штетен договор. И ова е уште едно прашање кое ќе треба да го види секој оној кој со критичко расположение го гледа Договорот од Преспа и да ја разбере нашата политика кога велиме дека сакаме да подобриме некои аспекти од договорот. За ова, ќе сториме сѐ, секако, поддржувајќи ја европската перспектива на сите земји од Западен Балкан – рече Пецас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close