Пецас: Би сакале сите балкански земји да промовираат европска агенда

Би сакале земјите од Западен Балкан да ја промовираат европската агенда и разговорите за напредок во пристапните преговори со Европската униија, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што очекува Грција од новата влада кај нас, без разлика на составот.

– Не би сакал да коментирам внатрешните прашања на една земја, како што се изборите, која и да е таа. Но, од друга страна, она што би сакале, општо за земјите од Западен Балкан е да се промовира европската агенда и разговорите за напредок на пристапните преговори во Европската унија, бидејќи тоа е за доброто на народите на овие земји, но и во корист на Грција, рече Пецас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот